Тројца кандидати за селекторската позиција на Италија, еден од нив Србин

Раната елиминација на Италија од Евробаскетот, донесе оваа селекцијата да биде без селектор. Џанмарко Поцеко поднесе оставка од функцијата, а сега се бара неговиот наследник.

Според информациите од италијанските медиуми, најдголем кандидат е неодамнешниот селектор на Летаонија, Лука Банки кому му се даваат најголеми шанси,  а наводно веќе ги имал и првите разговори со федерацијата.

Освен Банки, се споменува и името на Серхио Скариоло, кој ја напушти клупата на Шпанија по долги години, после неуспехот на Евробаскетот, каде Шпанија ги заврши настапите уште во групната фаза.

Трето име кое се споменува е Србинот Александар Ѓорѓевиќ. Ѓорѓевиќ остана значаен белег во Италија за време на неговата играчка, а сега и тренерска кариера, па се споменува како еден од можните кандидати.

Се вчитува...