Тројца кошаркари на ЦСКА Москва позитивни на коронавирус

Едно евролигашко коло беше доволно за ширење на коронавирусот во елитното кошаркарско натпреварување, утрово беше објавен позитивниот тест на Шарунас Јасикевичиус, а по тренерот на Барселона вечерва беше обелоденето дека позитивни на Covid-19 се и тројца кошаркари на ЦСКА Москва.

Станува збор за Никола Милутинов, Јанис Штрелниекс и Семјон Антонов, за кои рускиот првак потврди дека биле позитивни на последните тестирања и моментно се наоѓаат во самоизолација. Милутинов и Штрелниекс воопшто не настапија во првото коло против Барселона, додека Антонов беше во составот, но не влегуваше во игра.

Во текот на летото заразен од коронавирус беше и тренерот на ЦСКА, Москва, Димитрис Итудис.

 

Се вчитува...