Тројца Македонци викендов возат „Твинго Куп“ во Чешка

На третата трка сезонава од првенството на Twingo Cup тројца македонски возачи ќе се појавата на стартот на патеката Мост во Чешка. Марко Блажевски и Стефан Тренески сезонава веќе возеа на двете трки, во Италија и Словачка, додека првпат ќе седне зад управувачот годинава и Адо Хамзиќ.

За трката во Чешка се пријавени 24 возачи од пет земји од Европа. Денеска попладнево се квалификациите, а утре се на програмата двете трки, првата во 9,25, а втората во 15,45 часот. Планиран е да се возат 10 кругови, односно трката мора да заврши во временски период од 25 минути.

Марко Блажевски и Адо Хамзиќ се „староседелци“ и неколку сезони се натпреваруваат во Twingo Cup, додека за Стефан Тренески ова е дебитанската сезона. Тренески е меѓу најмладите возачи сезонава дел од ФИЗ ЦЕЗ академијата.

На првите две трки Блажевски двапати се искачуваше на пиедесталот, и плус победи на втората трка на Муџцело во Италија.

На патеката Муџело Марко Блажевски беше седмопласиран на првата трка, а Стефан Тренески го освои 10. место. на вторта трка побендик беше Марко Блажевски, а Тренескиостана без пласман.

На Словакиа Ринг, на првата трка Марко Блажевски го освои второто место, а Стефан Тренески беше четвртопласиран. На втората трка Блазевски пак с еискачи на пиедесталот, но како третопласиран а Тренески беше петтопласиран.

Покрај натпреварите од Twingo Cup викендов на истата патека ќе се возат и натпревари од Suzuki Swift Cup,  Clo Cup Bohemia, TCR Eastern Europe, F4 CEZ, GT vozila.

Трките од Twingo Cup на патеката Мост можете да ги следите на следните линкови:

ТРКА 1: https://www.youtube.com/watch?v=h6wceYWONGw

ТРКА 2: https://www.youtube.com/watch?v=T8XCQ9vpHh0&list=PLWYT8UVG4sMpblZBAy25j9SQ4KXUcFhb3

Се вчитува...