Три „откази“ во Шпанија пред одлучувачките мечеви за пласман на СП 2022

Луис Енрике се соочува со проблеми пред последните два квалификациски натпревари за пласман во Катар. Шпанија игра одличувачки мечеви со Грција на гости и со Шведска дома. Особено со Швеѓаните ќе биде одлучувачки за директен пласман на Мундијалот следната година, а двајца играчи на Шпанија се повредија викендов играјќи за своите клубови.

Стоперот на Барселона, Ерик Гарсија, доби повреда против Селта Виго, и откажа настап. На негово место влегува Диего Љоренте од Лидс Јунајтед. Исто така и крилниот напаѓач Јереми Пино нема да може да се стави на располагање за селекцијата. Тој се повреди играјќи за Виљареал и не го доврши мечот.

Во селекцијата ќе го нема и Ансу Фати кој доби повреда играјќи за Барселона против Селта. Него ќе го замени Раул де Томас од Еспањол.

Се вчитува...