Тројца навивачи на Шкупи од навивачката група „Шверцери“ се приведени во полициска станица во главниот град по немилите сцени кои се случија денеска во Чаир на дербито од четвртфиналето во Купот на Македонија, пренесува „СДК“ од информации добиени од Министерството за внатрешни работи.
Натпреварот беше прекинат уште во 10. минута од средбата, поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези. По постигнатиот погодок низ радоста испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи, по што следеше упад на теренот од страна на дел од навивачите на домашните, а потоа и целосен хаос со физички пресметки и на фудбалерите со дел од навивачите.
По прекинот средбата не се доигра, а на вонредна седница, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на Шкендија, службено со 3-0 да го добие натпреварот со Шкупи и да обезбеди место во полуфиналето на Купот. Покрај тоа домаќините добија и суспензија за користење на теренот во Чаир и домашните натпревари треба да ги играат на 100 километри од истиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

