Тројца првотимци на Интер се враќаат за дербито со Јуве

Интер се наоѓа во извонредна форма, „нероаѕурите“ се убедливи на врвот на калчолигашката табела, а тренерот Киву конечно доби и добри вести поврзани со повредените фудбалери во титмо.

Имено, тројца стандардни првотимци на италијанскиот гигант се вратија во тренажен процес неделава и се очекува својот камбек да го имаат веќе в сабота, на големото дерби на домашен терен против Јувентус.

Најважен е камбекот на Дензел Дамфрис, стандардниот десен бек кој беше „во аут“ уште од почетокот на ноември. Холандскиот дефанзивец од денеска почна со тренинзи и се очекува да биде во тимот против Јуве, но да влезе во игра во второто полувреме.

Добра вест за Киву е и враќањето во тренажен процес на двајцата играчи за врска, Хакан Чалханоглу и Николо Барела. Турскиот интернационалец беше надвор од терените од 11 јануари, но според информациите од Италија големи се шансите тој да биде стартер на саботното дерби, додека Барела и покрај помалата пауза се очекува да се најде на клупата на резерви од почетокот на пресметката со „старата дама“.

Се вчитува...