Трон за Марадона, противничкиот тим го дочека како крал (ФОТО)

Ѕвездата на Диего Марадона никогаш не згаснува, особено не во Аргентина. Еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот имаше спектакуларен пречек во тимот за кој во дел до кариарата одигра пет натпревари во сезоната 1993/94. Марадона се врати на стадионот кој сега се вика „Марсело Биелса“ кај Њуелс Олд Бојс предводејќи ја неговата Химнасија и беше дочекан како крал.

Буквално. Домашниот тим му постави трон за да го следи натпреварот. Тимот на Марадона славеше со 4-0 и ја забележа највисоката гостинска победа по 23 години и по 400 одиграни натпревари. Њуелс Олд Бојс е поранешниот клуб на Лео Меси.

 

 

 

Се вчитува...