Тросар го најде клучот за бункерот на Евертон (видео)

Арсенал стигна до четвртата овосезонска победа во Премиер-лигата откако „топчиите“ славеа на денешното гостување против Арсенал со минимални 0-1. Мартинели заработи повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме, но токму Тросар, кој влезе во игра на негово место, го постигна победничкиот гол за тимот на Микел Артета.

Лондонскиот клуб очекувано имаше целосна контрола над играта, но се мачеше да искреира шанса против згусната одбрана на домашниот состав. Арсенал не се откажа, продолжи да доминира и конечно успеа да постигне гол, откако Тросар биеше маестрално на асистенција на Сака.

Арсенал со оваа победа се наоѓа на делба на второто место заедно со Ливерпул и Тотенхем со по 13 бода, два помалку во однос на шампионот Манчестер Сити.

Се вчитува...