Белгија во петок ја чека Македонија во Гент. Белгијците важат за големи фаворити, но Македонија патува како првопласирана во групата со надеж дека тоа место ќе го задржи и после овој циклус.
Крилниот играч Леандро Тросар ги искажа своите очекувања од мечот во петок. Играчот на Арсенал рече дека нема да ја потценат Македонија, и посакува што побрзо да се отвори резултатот.
„Од нас зависи дали ќе победиме во петок и ќе патуваме во Велс во добра атмосфера. Македонија има свои квалитети. Не смееме да ги потцениме, и мораме да се обидеме да го „заклучиме“ натпреварот што е можно побрзо. Ако веруваме во тоа, брзо ќе се случи. Мислам дека постигнавме напредок во последните натпревари и сега ќе продолжиме во ист стил“, изјави Леандро Тросар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

