Трпчевски потпиша за Еурофарм Пелистер 2

ВТориот тим на Еурофарм Пелистер успеа да доведе уште едно засилуање, откако денеска потпиша договор со десниот бек Стефан Трпчевски. Станува збор за 26-годишен ракометар, кој потекнува од битолската ракометна школа, па по неколку меѓународни искуства реши да се врати назад во мак-ракометот.

„Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу. Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш“, објави битолскиот суперлигаш.

Еурофарм Пелистер 2 првата прозивка ќе ја има на 24 јули, на чело со новиот тренер Михаил Петровски, кој летово го наследи Александар Зарков на клупата на овој клуб.

Се вчитува...