Трстена, Димитровски, Канатларовски, Сетинов, Треневски… меѓу врвните спортски имиња од екс-СФРЈ на „Мундијалот на пријателството“ во Улцињ… (ФОТО/ ВИДЕО)

ЕКИПА во Улцињ, Црна Гора
ФОТО: Роберт Спасовски

Легендите на македонскиот спорт, златниот олимписки шампион Шабан Трстена, поранешниот југословенски и македонски фудбалски репрезентативец Драган Канатларовски, како и славните имиња на македонскиот фудбал Кочо Димитровски, Драги Сетинов, Виктор Треневски, Горан Здравков…, се македонските претставници на раритетниот „Мундијал на пријателството“ кој деновиве повторно се одржува во Улцињ, Црна Гора, а кој претставува собир на најдобри спортисти, судии и тренери од поранешна Југославија, репрезентативци во колективните спортови но и медалисти од Олимписките игри а кои оставиле силна трага во екс-југословенскиот спорт. Целокупниот овој спектакл е организиран по идеја на Павле Пепџоновиќ како творец на манифестацијата која се повеќе го освојува регионот.

На едно место во Улцињ, по долги години, се собраа повеќе од 300 врвни спортски имиња од земјите од поранешна Југославија кои се потсетија на славните заеднички денови, а меѓу кои, пред се, фудбалските легенди Славољуб Муслин, Зоран Филиповиќ, Слободан Маровиќ, Јошко Јеличиќ, Ивица Шурјак, Иван Гудељ, Фарук Хаџибегиќ, Дејан Савичевиќ, Љубомир Радановиќ, Мирослав Тањга, Раде Залад, Џевад Прекази, Станислав Караси…, но и легендарниот ватерполо тренер и освојувач на бројни олимписки, светски и европски медали, Ратко Рудиќ, како и кошаркарските легенди Иво Данеу, Зоран Славниќ, Жарко Паспаљ, Стојко Вранковиќ, Никола Булатовиќ…

Од ракометните легенди тука се Веселин Вуковиќ, Момир Рниќ, Касим Каменица, боксерските легенди тука се предводени од Тадија Качар, Дане Корица од атлетиката, како и претседателите на Параолимписките сојузи од Хрватска, Србија, БиХ и Црна Гора.

„Ова е собир со кој сакаме да ги избришиме границите, да се потсетиме на деновите кога илијадници врвни спортисти носеа бројни медали за Југославија која беше една од најмоќните спортски нации во Европа и во светот“ – истакнаа спортистите од Црна Гора, Србија, Хрватска, БиХ, Словенија и секако Македонија.

Во рамките на „Мундијалот на пријателството“ минатата година беше формирано и претседателство на „Улцињско олимписко село“ кое ќе биде задолжено за организација на вакви собири ширум поранешна Југославија а во кое е и нашиот олимписки шампион Шабан Трстена, заедно со уште 11 истакнати поранешни врвни спортски од Екс-СФРЈ, освојувачи на медали од олимписки игри, меѓу кои Зоран Мока Славниќ, Светлана Китиќ, Мирко Вучевиќ, Јасмин Мркоња, Анте Јосиповиќ, Катарина Булатовиќ…

ДЕЛ ОД СПОРТСКИТЕ ЛЕГЕНДИ ПРИСУТНИ НА „МУНДИЈАЛОТ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ ВО УЛЦИЊ, ЦРНА ГОРА

ФУДБАЛ: Славољуб Муслин, Зоран Филиповиќ, Слободан Маровиќ, Јошко Јеличиќ, Ивица Шурјак, Иван Гудељ, Фарук Хаџибегиќ, Дејан Савичевиќ, Љубомир Радановиќ, Џевад Прекази, Станислав Караси, Мато Гавран, Јосип Чилиќ, Мирсад Фазлагиќ, Фуад Музуровиќ, Мили Хаџиабдиќ, Бајро Жупиќ, Зоран Бојовиќ, Никица Цукров, Тончи Габриќ, Мирослав Тањга, Раде Залад, Велибор Пудар, Милош Џелмаш, Нихад Мујезиновиќ, Мерсед Ковачевиќ, Анто Дробњак, Рамиз Красниќи, Хусеин Змијани, Фахредин Дураку, Кочо Димитровски, Драги Канатларовски, Драги Сетинов, Зоран Батровиќ, Слободан Халиловиќ, Виктор Треневски, Горан Здравков, Ивица Јовановски, Горан Кипријановски….

ФУДБАЛСКИ СУДИИ: Матео Беусан, Бруно Мариќ, Мирољуб Аусец, Салем Пролиќ….

ПАРАОЛИМПИЗАМ: Ратко Ковачиќ (претседател на Параолимпискиот одбора на Хрватска), Зоран Мичовиќ (претседател на Параолимпискиот сојуз на Србија), Сабахудин Делалиќ (претседател на Параолимпискиот сојуз на БиХ), Игор Томиќ (претседател на Параолимпискиот одбор на Црна Гора)…

ВАТЕРПОЛО: Ратко Рудиќ, Драган Андриќ, Мирко Вичевиќ, Вељко Ускоковиќ, Ненад Периш…

КОШАРКА: Иво Данеу, Жарко Паспаљ, Самир Авдиќ, Зоран Славниќ, Стојко Вранковиќ, Никола Булатовиќ, Ненад Суботиќ, Слаѓана Голиќ, Миховил Накиќ…

РАКОМЕТ: Веселин Вуковиќ, Момир Рниќ, Касим Каменица, Стево Никочевиќ, Горан Ѓукановиќ, Младен Ракочевиќ, Горан Симиќ, ….

АТЛЕТИКА: Дане Корица

БОКС: Тадија Качар, Мирко Пузовиќ, Мехмет Богујевци, Фатмир Маколи, Драган Вујковиќ, Миодраг Перуновиќ, Саид Чолпа

БОРЕЊЕ: Шабан Трстена

ШАХ: Божидар Ивановиќ

ВЕСЛАЊЕ: Милорад Станулов

АВТОМОБИЛИЗАМ: Нико Пулиќ, Марино Иванчиќ.

 

Се вчитува...