Трстена со порака до Георгиевски пред финалето – „Вистинскиот шампион се бори со големо срце за татковината и нацијата“

Спортистот на 20. век на Македонија, Шабан Трстена со порака со подршка за македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски кој од 14.45 часот ќе се бори за злато на Летните олимписки игри во Токио. Трстена му посака среќа на Георгиевски пред финалето против Русинот, Владислав Ларин.

„Ас над Асовите Големите шампиони не треба да бараат среќа во спортската арена, како што нашиот шампион Дејан не отиде на Олимпијада со вајлд карта,да ја бара среќата во ждрепката. Но, самиот факт тој имаше тешки противници го правеше уште посилен, и затоа ги сруши сите по ред ги победи сите големи светски и олимписки шампиони за да стигне до финале. Тоа е нашиот шампион – се бори со големо срце за татковината и за нацијата се до последната секунда. Сега немам што да ти кажам, за финалето за златната историја треба да се бориш многу паметно и со одлична концентрација, секое движење со прецизно внимание. Со среќа нека ти е шампионе, Бог да биде со тебе“, напиша Трстена. 

Се вчитува...