Трстена: Уште колку ќе чекаме македонски борач да освои медал?

Шабан Трстена, поранешниот освојувач на златен медал на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година и освојувач на две европски титули, се огласи по повод завршеното Европско првенство во борење во Словачка.

Тој е разочаран што долго време Македонија нема медал во борењето на европските првенства.

„До кога само ветувања? По завршувањето на Европското првенство во борење за сениори,кое се одржа пред неколку дена во Братислава, Словачка. Повторно останавме само со празни зборови. Веќе 35 години слушаме како борачи се подготвени за медал, но за жал, како и секогаш без победа, без медали. Уште колку години ќе чекаме, барем еден македонски борач што е роден овде да се врати со медал? Не мора да биде златен, нека биде и бронзен медал само да го видиме македонското знаме на подиумот.
Дозволете ми кратко да ве потсетам на мојата спортска историја на Европските првенства за сениори.
1982, Варна,јас имав 17 години прв настап и освоив прв бронзен медал во 48 кг. До 1990 година освоив уште 8 медали – два златни, три сребрени, три бронзени.
1983, Будимпешта – сребрен медал, прв пат во финале.
1984, Јончепинг – Европска Титула и златен медал на 19 години.
1985, Лајпциг, уште едно финале, изгубено во последни секунди, сребрен медал.
1986, Атина – петто финале по ред, повторно сребро.
1988, и 1989 год бронзени медали.
1990, Познањ – вторпат европски шампион, прогласен за најдобар борач во Европа со пет победи без загубен поен.
Денес, на 60-годишна возраст, се прашувам: како беше возможно тогаш, во толку тешки услови, јас да бидам во средина помеѓу моќните руски, бугарски и турски шампиони и асови од цела Европа.
Не заборавајте вие млади, се можно во овој свет кога сте млади, можете да правите светски чуда. Само да имате волја и да тренирате многу, да размислувате за победа и да не мислите е важно само да учествувате на Европското првенство.
Со голема почит, Ш.Т. олимписки и двоен европски шампион“, стои во објавата на Трстена.

Се вчитува...