Дисциплинската комисија на УЕФА во официјалното соопштение објави дека нема казна за Црвена Звезда за инцидентот за време на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите, но дека е именуван Етички инспектор кој дополнително ќе го испитува случајот.
Дуелот меѓу ПСЖ и Црвена Звезда се одигра во Париз на 3 октомври, во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. Францускиот тим славеше победа со 6-1, а весникот „Л’екип“ изнесе соненија дека натпреварот бил наместен и тоа ќе биде под дополнителна истрага од УЕФА.
Засега против двата клуба од УЕФА е покрената дисциплинска постапка поради инцидентите со навивачите.
Звезда се терети затоа пто нејзините навивачи извикувале забранети пароли и предизвикувале неред на трибините. А, ПСЖ е казнет со 20.000 евра поради организациски пропусти и доцнење на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА