Ц. Звезда имаше предност од +18 ама загуби од Макаби, грчкото дерби за Олимпијакос

Црвена Звезда загуби пред своите навивачи со 80-83 од Макаби Тел Авив во 29. коло од Евролигата, и покрај тоа што имаа предност и од +18 поени во второто полувреме.

Белграѓани и на полувреме имаа предност и од 47-31, но успеаја сето тоа да го прокоцкаат до крајот на мечот. Имаа предност и од +18 поени, за да дозволат Макаби со извонредни последни 15 минути игра дојде до победата од 80-83.

Колсон со 22 поени беше најдобриот во редовите на Макаби Тел Авив.

Во грчката дерби пресметка Олимпијакос славеше против Панатинаикос со 71-65. Американецот Рајт со 19 поени беше најефикасниот кај Олимпијакос за триумф со кој се израмни на табелата со лутите ривали.

Фенербахче, пак, без проблеми со 118-88 триумфираше против Валенсија предводен од феноменалниот Дорси со 28 постигнати поени.

Се вчитува...