Црвена Звезда се жали поради изборот на судии од страна на АБА за финалната серија против лутиот ривал Партизан.
Во изборот на АБА за првите три натпревари од финалната серија нема ниту еден Србин. Па, на Црвена Звезда не им е јасен тој избор ако се знае, како што велат, дека во минатото биле оштетувани во неколку наврати на мечеви на кои суделе судии од Словенија (со што и АБА лигата се согласувала).
Црвено-белите се изненадени зошто се игнорирани српските судии, ако се знае дека со исклучок на Илија Белошевиќ кој се повлекол, сите други изразиле спремност да судат.
Во своето соопштение од Црвена Зведз на крајот додаваат:
„Секоја одговорност за се што ќе се случува во финалето од сега е на АБА, доколку Црвена Звезда нема рамноправен третман (судење) и услови да се бори нормално за трофејот.“
Финалната серија меѓу Партизан и Црвена Звезда почнува во вторник (13. јуни) од 20 часот, а предноста на домашен терен ја имаат црно-белите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА