Фудбалерите на Шкендија утре ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров во натпревар од 8. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Фудбалерот на тетовци Клинсман Цаке вели дека болен бил поразот од Силекс, но дека против Македонија ЃП се враќаат на победничките патеки.
„Очекуваме против Македонија ЃП да се вратиме на победничките патеки. Поразот од Силекс беше пораз што нè повреди искрено, но тоа се работи што се случуваат во фудбалот. Залудно е да се зборува премногу, ќе влеземе на терен само за трите бода и ќе го дадеме нашиот максимум на теренот за да се вратиме во серијата позитивни резултати“, изјави Цаке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

