Цаке: Не не интересираат проблемите на ФЦСБ, ние треба да дадеме максимум за триумф

На македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на Шампиони, Шкендија му претстои тежок двомеч против фаворизираниот ФСЦБ од кои првиот натпревар ќе биде одигран во Скопје.

Во пресрет средбата во главниот град на Македонија за медиумите говореше и еден од најдобрите играчи во тетовскиот состав Клинсман Цаке.

„Доаѓаме на меч со ФЦСБ по пласманот во второто коло. Имавме тежок дуел со ТНС, но кога ќе оствариш пласман понатаму, тоа е поубвао. Среќни сме за постигнатото, сега играме со тим со голема традиција. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме најдоброто од нас. Ќе видиме дали тоа ќе ни вреди на крај.

Околу проблемите на ФЦСБ за кои се пишува низ Романија, не гледаме ние на тие работи и не ги слушаме. Можеби тоаа е тактиката на Џиџи Бекали да ги мотивира играчите. Наше е да бидеме сериозни, без да гледаме што се пишува и што се случува во нивниот табор. Може се да е лажна најава, не сме преокупирани со тоа“, изјави Цаке.

Се вчитува...