Фудбалерите на Шкендија ја продолжија битката за титула во Првата македонска фудбалска лига со убедлив тирумф од 6-1 против Силекс во 27. коло.
Еден од оние кои се запишаа во листата на стрелци беше и Клинсман Цаке не ги криеше задоволството од победата изјавувајќи за клупскиот сајт дека тимот бил добро подготвен да предизвикот.
„Одигравме одличен натпревар, а за тоа најдобро зборува резултатот. Беше малку комплицирано кога беше 1-1, ама верувавме во следниот гол и победата. Според нашите последни настапи, знаевме дека ќе дојдеме до целта. Подготовката од наша страна беше одлична. Одигравме пак со висок притисок на противнички поле и тоа беше успешно. Ние сме Шкендија и сме веќе познати за високиот пресинг и дека одиме од стартот по победите. Верувам дека ја пронајдовме формата и сме на добар пат. И покрај дуелот во Ѓорче Петров на кој немавме среќа, одигравме добро. Среќен сум што придонесов со голот, ама уште повеќе со трите бода. Најважното нешто е Шкендија да победува“, изјави Цаке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА