ПСЖ нема да биде казнет за прекршување на правилата од финансискиот фер-плеј без оглед на најновата истрага што УЕФА пред неколку дена ја отвори против францускиот првак, за дополнително да ги истражи околностите околу трансферите на Килијан Мбапе и на Нејмар. Спортскиот суд во Лозана (ЦАС) денеска ја поништи одлуката на УЕФА за отворање на нова истрага, со образложение дека европскта куќа на фудбалот не ја испочитувала процедурата, за во законски рок да ја достави целата документација за повторно отворање на целиот случај.
Првиот обид на УЕФА да го казни ПСЖ заврши со отфрлање на тужбата, а со најновиот развој на настаните ЦАС дефинитивно ја затвори можноста „светците“ да одговараат за прекумерно трошење, во ситуација кога ПСЖ во ист преоден рок потроши 400 милиони евра на само двајца фудбалери, Нејмар и Мбапе.
Пораката од ЦАС испратена денеска вели дека во УЕФА не го испочитувале рокот за жалба по првостепената одлука, поради што се нема право ниту да се стасртува нов случај за истиот прекршок.
Со тоа, одлуката е дефинитивна, а ПСЖ дефинитивно нема да подлежи на никаква санкции, ниту пак ќе биде приморан да продаде најмалку една од своите „ѕвезди“ во претстојниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА