Цедевита го донесе Римац и за тренер на Олимпиија

Олимпија и Цедевита го потврдија фузирањето и создавањето на новиот клуб КК Цедевита Олимпија Љубљана. Членовите на управниот одбор го избраа Томаш Берлочник за нов претседател. Тренер ќе биде Хрватот Славен Римац, кој претходно беше предводник на Цедевита, а како најзвучно засилување е претставен Едо Муриќ кој потпиша за стариот тим на Цедевита. Директор ќе биде Давор Ужбинац, а за спортски директор е назначен Сани Бечировиќ.

КК Цедевита Олимпија Љубљана е нов проект кој треба да ја врати славата на словенечката клупска кошарка, бидејќи минатата година двата тима од земјата, Унион Олимпија и Крка беа меѓу најслабите во регионалното кошаркарско натпреварување АБА лигата.

Се вчитува...