Цедевита Олимпија со „пеколен шутер“ ќе ги напаѓа евролигашите во АБА

Цедевита Олимпија официјално ги засили своите редови со американскиот „шутер“ Џозеф Жирар кој во словенечкиот АБА-лигаш пристигнува како најдобар поентер во литванското првенство минатата сезона.

Дваесетичетиригодишникот настапуваше за Невежис за кој во просек бележеше 21.0 поен, 3.0 асистенции и 2.8 скокови по натпревар со 54.2 отсто успешност за два поени, 41.5 проценти во обидите за три и 90.8 отсто во обидите од линијата за слободни фрлања.

 

Се вчитува...