Словенечкиот првак Цедевита Олимпија реши да ја прекине соработката со еден од странските кошаркари, и тоа непосредно пред дуелот со МЗТ Скопје од петтото коло во АБА-лигата што на програмата е утре во Љубљана.
Станува збор за Арон Харисон, крлниот кошаркар кој во септември пристигна во редовите на Цедевита Олимпија, но не се вклопи во тактичките замисли на тренерот Големац. Харисон требаше да биде замена за Зоран Драгиќ по повредата заработена на Евробаскет 2022.
Харисон во просек играше по 14 минути на натпреварите на Цедевита Олимпија во АБА-лигата, при што имаше просек од 6,7 поени, 1,3 скокови и 1,3 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА