Цедевита по голема битка успеа да триумфира над тимот на Мега Бемакс и да е пласира во финалето од Суперкупот на АБА-лигата, што се одржува во Бар, Црна Гора.
Хрватскиот првак делуваше сигурно на патот до финалето откако по првото полувреме одигра импресивно во нападот постигнувајќи 59 поени (59-45). Сепак, противникот од Србија покажа карактер и успеа да се врати во мечот. Мека Бемакс на една минута до крајот намали на 92-91, резултат при кој оваа екипа не релизираше и две слободни фрлања преку Александар Лазиќ.
Цедевита го искористи овој подарок и успеа да ја задржи предноста до самиот крај, па хрватскиот тим во финалето ќе се сретне со подобриот од мечот Морнар – Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА