На денот кога почна македонскиот шампионат, екипата на Шкупи остана без услугите на Реналдо Цефас, кој прави трансфер во турскиот тим Анкарагучи, соопшти тимот од Чаир.
„Благодариме Цефас“, стои во објавата на поранешниот шампион.
Интернационалецот од Јамајка дојде на Чаир во 2022 година од Арнет Гарденс. Засега не е позната сумата за која Шкупи го продаде својот фудбалер, но неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 600.000 евра.
Шкупи својот прв меч од 1. коло во новиот шампионат го игра утре против Работнички на „Борис Трајковски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА