Е. Пелистер утре од 18:45 часот гостува на Фредериција во Данска во нов обид за бодови во Лигата на шампионите.
Десниот бек Нејц Цехте верува дека тимот може да позитивен резултат, со максимална игра и фокус во текот на целиот натпревар тимот на Фредереција на би бил непобедлив.
„Тие сега почнаа да ја градат екипата, растат од година на година, играат еден брз, типично дански ракомет. Сакаат игра еден на еден и ако успееме добро да се затвориме тогаш ги фаќа паника и имаат сериозни падови во играта. Тука ја гледам и нашата шанса. Направивме добра анализа на противникот, па мислам дека ќе имаме добар натпревар од кој на крајот ќе извлечеме и позитивен резултат“ – вели Цехте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА