Цехте потпиша нов договор со Е. Пелистер

Раководството на Е. Пелистер успешно заврши уште едни преговори, овојпат за останување на Нејц Цехте во редовите на актуелниот шампион на Македонија.

Словенечкиот десен бек денеска и официјално потпиша нов договор со „пелистерци“, продолжувајќи го престојот во битолскиот клуб што трае од 2023 година.

„Со потврдување на ростерот од минатата сезона и доведување на квалитетни новајлии, полека се комплетира Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26. Ни претставува задоволство што некои од нашите професионалци се пронаоѓаат и подолго во нашата шампионска средина. Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со нашиот клуб на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија. Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб’, објави Пелистер.

Цехте својата професионална кариера ја градеше во Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска). Со Е. Пелистер освои две шампионски титули, а во претходните две европски сезони постигна педесет погодоци (16 гола во сезоната 2024/25 и 34 гола во сезоната 2023/24).

Се вчитува...