Цехте замина од Е. Пелистер: Се сели во Бундеслигата (ФОТО)

Словенечкиот ракометар Нејц Цехте повеќе не е член на македонскиот шампион Е. Пелистер, потврди битолскиот клуб на социјалните мрежи.

За искусниот 33-годишник е платено обесштетување од страна на германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин кој се соочува со проблеми со повредени играчи и ја активираше опцијата за ангажман на ракометарот кој со успех настапуваше за битолскиот состав.

Цехте со овој потег воедно се враќа назад во Германија каде четири години настапувше за Хановер.

Се вчитува...