Цел Металург „негативен“ пред дуелот со Спачва

Сите тестови, направени врз ракометарите, раководството и службените лица на Металург, пред средбата со Спачва во првото коло од Лигата на Европа, се негативни. Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ, на располагање ќе го има комплетниот потенцијал на својата екипа.

Средбата со Спачва, во рамките на првото квалификациско коло од Лига Европа, се игра утре, во Автокоманда, со почеток во 19 часот. Овој натпревар ќе се игра без публика, според протоколите на ЕХФ.

Екипата на Спачва ќе допатува во Скопје денеска,  а во 20 часот ќе го има официјалниот тренинг.

Се вчитува...