Наполи успеа да извлече победа на гостувањето против Верона во 27. коло од Серија А. Тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас успеа некако да ја оправда големата фаворитска улога, на крајот само триумфирајќи со 1-2 против последнопласираната Верона, благодарение на голот на Лукаку во 96. минута од средбата.
Наполи поведе уште во 2. минута со голот на Хојлунд.
Но, Верона успеа да израмни благодарение на голот на Акпа Акпро во 65. минута од средбата.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, во шестата минута од судиското продолжение Лукаку погоди за 1-2., во акцијата во која учествуваше токму и македонскиот „дијамант“.
Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар за Наполи, со заработен и жолт картон во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

