Цел плен за Брера во голеадата во Скопје, ЕВРОГОЛ на Ибраими за триумф на Шкендија (ВИДЕО)

Новиот ден натпревари во 8. коло од ПМФЛ донесе суперинтересни средби во Скопје и Тетово на кои беа постигнати вкупно девет голови.

Седум од нив беа постигнати на натпреварот помеѓу Работнички и Брера по кои на гостински триумф од 3-4 се радуваа струмичани.

На Арената први поведоа гостите преку Михаилов уште во 5. минута од средбата, а домаќините изеднаија со голот на Кадриу во 27. минута. Сепак Брера е онаа која води на паузата благодарение на умешно изведениот пенал на Ндзенгуе во 42. минута и голот на Наумчевски во втората минута од судиското продолжение за 1-3.

Работнички не се предаде, па следеа бурни шест минути во Скопје. Во 72. минута Имери од белата точка намали на 2-3, но само три минути подоцна Нзенгуе ја врати „комотната“ предност на Брера за 2-4. Имери одново се запиша во листата на стрелци, овој пат во 78. минута, а неговиот втор гол ги постави конечните 3-4.

Шкендија се искачи првото место на табелата со шесттата победа во првенството, овој пат славејќи над Силекс со 2-0 со голови постигнати во вторите 45. минути.

Мрежите мируваа во првото полувреме пред Ибраими со еврогол да ги доведе „црвено-црните“ во предност од 1-0.

 

Силекс во 90. минута имаше шанса за изедначување, но откако Булатовиќ истата не ја искористи, конечните 2-0 ги постави – во втората минута од судоското продолжение на второто полувреме за триумф број шест.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...