Цел регион ја фали Македонија: Сензационална победа, кога се игра со срце, не е битно како се викаш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер испиша историја во Дуисбург откако со победа од 2-1 славеше над Германија. „Црвено-жолтите“ им го нанесоа првиот пораз на Германците во квалификациите за Светско првенство, по цели 20 години.

Регионалните медиуми беа едногласни дека станува збор за сензација, а еден од најубавите наслови го имаше српскиот медиум, Моцартспорт, кој напиша: Кога се игра со срце, не е битно како се викаш: Македонците ја убија во поим Германија, Рудигер и Вернер се „брукаа“.

 

 

Се вчитува...