Горан Пандев со Џенова доживеа дебакл на гостувањето против Интер, но македонскиот ас сигурно уште долго ќе го памети приемот од страна на навивачите на „нероаѕурите“, кои дефинитивно покажуваат дека не ги забораваат своите херои.
Пандев беше со аплаузи пречекан и при излегувањето на терен, но навивачите го сочуваа најдоброто за крај, па откако Македонецот беше заменет, при напуштањето на теренот цел стадион застана на нозе и со аплаузи го поздрави членот на последната шампионска генерација на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

