Цел свет му се смее на Јармоленко за „оскаровската глума“ на мечот во ФА купот (ВИДЕО)

Вест Хем успеа да се извлече на гостувањето кај нисколигашот Кидерминстер и да слави со 1-2 во 4. коло од најстарото фудбалско натпреварување, ФА купот. „Чеканите“ прво во 91. минута израмнија на 1-1, а потоа во 121 со голот на Боувен успеаја да изборат пласман во следната рунда.

Интересна ситуација се случи при резултат 1-0 за домаќините во 80. минута, кога украинскиот интернационалец Андриј Јармоленко на ултра смешен начин се обиде да изнуди пенал. Тој не беше ниту допрен од противничкиот голман, а падна на теренот како да го покосил камион.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...