Цел свет се чуди зошто Белингем доби црвен картон (ВИДЕО)

Реал Мадрид води со 0-1 на гостувањето кај Осасуна во 24. коло од шпанското првенство, но во второто полувреме има играч помалку на теренот откако изненадувачки црвен картон доби Џуд Белингем.

Англискиот репрезентативец немаше старт на противник, туку влезе во вербален конфликт со судијата Жозе Луис Мануера кој резултираше со негово исклучување.

Навивачите на Реал Мадрид се бесни од одлуката на судијата па на социјалните мрежи побараа што побрзо да биде образложена одлуката.

Се вчитува...