Цел свет зборува за капитенскиот потег на Модриќ: Додека кривецот сите го пцујат, тој ладен како лед

Хрватската фудбалска репрезентација одигра само реми на домашен терен против Велс (1-1) на отворањето на квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Хрватската јавност како главен виновник за неуспехот го гледа напаѓачот Андреј Крамариќ, но Лука Модриќ како капитен ги смирува страстите.

Андреј Крамариќ беше прогласен за главен виновник за ремито на Хрватска против Велс на „Пољуд“. Напаѓачот на Хофенхајм е критикуван што во финишот на првото полувреме не му ја додаде топката на Иван Перишиќ, кој имаше шанса за гол, но наместо тоа реши самиот да ја заврши акцијата.

Во хрватската јавност овој потег беше означен како клучен иако беа пропуштени голем број шанси од други играчи, а Крамариќ го постигна единствениот гол за својата репрезентација.

Дури и на теренот беше видлива лутината кон Крамариќ, откако Иван Перишиќ му се обрати со пцовки.

„Ајде да ти ебам“, му викна Перишиќ на Крамариќ по ситуацијата во која тој не му ја додаде топката.

Лука Модриќ по натпреварот реагираше како капитен. Тој не сакаше да ја префрли вината само на Крамариќ и смета дека целата екипа треба да ја анализира ситуацијата што се случи.

„Не треба да се враќаме на таа ситуација. Требаше да го решиме мечот во првото полувреме, имавме доволно шанси. Мора да анализираме и да се свртиме кон Турција”, изјави Модриќ.

Се вчитува...