Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод осовен во битката против големата Англија во Скопје. Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.
Aнгличаните не можат да се помират со ремито против Македонија, па откако селекторот Саутгејт вели дека виновен за нерешеното е словачкиот судија, и голем дел од легендарните англиски фудбалери се сложуваат со него.
„Ох Боже како може тоа да е пенал?“, се запраша Џон Тери, додека легендарниот Гери Линекер вели дека тоа било смешна одлука. „Не е ни најмалку важно, но тоа е најсмешната одлука за пенал“, беше реакцијата на Линекер.
Некогашниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер се чудеше. “Бизарни се овие ВАР пенали кои се судат во Европа“, реагираше Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА