Камерунецот со американски и француски пасош, Џоел Ембид беше во центарот на вниманието за време на доделувањето на медалите, како најомразена фигура за домашната публика.
Кошаркарите на САД ја совладаа Франција во уште еден прилично интересен натпревар, а по мечот, при доделувањето на медалите, Ембид не остана рамнодушен на свирежите на француските навивачи со кои разви „посебен однос “ за време на Игрите.
Во моментот кога најавувачот го објави неговото име, тоа беше и моментот кога го стави „златото“ околу вратот, заглушувачката врева од свирежи ја скрши „Берси арената“.
Ембид едвај чекаше, тоа навистина го забавуваше, па со насмевка ги повика фановите да бидат погласни. Набрзо и останатите соиграчи му се придружија во ваквиот настап. Сите кренаа раце и продолжија да провоцираат.
— OvoOno (@OvoOnoX) August 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

