Цела Европа е во шок од состојбата на теренот на кој се играше меч во ЛШ (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен славеше со 0-3 на гостувањето кај Брест во француската пресметка од плеј-оф фазата во Лигата на шампионите. Освен самата средба, вниманието на фудбалските фанови го привлече и теренот на кој се играше.

Имено, натпреварот се одржа на „Стад де Рудуру“, стадион оддалечен околу 100 километри, каде вообичаено игра второлигашот Генгам, бидејќи теренот на Брест не ги задоволуваше критериумите на УЕФА.

Стадионот на Генгам ги исполни критериумите со 18.000 седишта, но теренот привлече внимание со видеата на кои се прикажани делови без трева и со дупки во кои се собира вода.

 

Се вчитува...