Цела Франција му се потсмеваше и омаловажуваше, а сега му се поклонува! (ВИДЕО)

ПСЖ го понижи Интер во историското финале од Лигата на шампионите. Еден од хероите на парижаните беше 19-годишниот Дезире Ду.

Дуе асистираше за првиот гол во Минхен, а потоа ги постигна следните два за целосен потоп на „нероаѕурите“. Тинејџерот на тој начин стана апсолутна фудбалска сензација и еден од најбараните млади играчи во светот.

А само пред една година, многу луѓе беа изненадени, па дури и се потсмеваа на потегот на ПСЖ, кој му плати 50 милиони евра на Рен за неговото доаѓање. Еден од ретките што предвиде дека Дуе ќе биде огромно засилување беше новинарот на „Л’Екип“ и стручен соработник на британскиот „Гардијан“, Филип Уклер.

Нашиот француски колега даде многу смело предвидување на почетокот на сезоната.

Кога Килијан Мбапе го напушти клубот за Реал Мадрид, Уклер тврдеше дека ПСЖ не изгубил премногу со заминувањето на нивниот најдобар играч. Понатаму, тој во подкаст рече дека Дуе е поопасен, помлад и погладен за успех, па цврсто верува дека тимот ќе биде подобар со него.

„Среќа е што Мбапе отиде во Реал Мадрид. Тие повеќе не се заложници на голема ѕвезда како што беа долго време. Дуе е покомплетен фудбалер отколку што беше Мбапе во тие години“, ги повтори Уклер своите зборови пред финалето на Лигата на шампионите.

Поради ова, тој доби жестоки критики и навреди, па дури и навивачите на ПСЖ напишаа дека го кажува ова само за да служи како ПР на клубот.

И Дуе буквално експлодираше во својата дебитантска сезона во дресот на „Светците“ со 15 гола и 16 асистенции во 54 натпревари.

Од нив, пет гола и четири асистенции во Лигата на шампионите, со особено импресивен настап во натпреварот на сезоната – финалето!

Нешто помалку од една година подоцна, јасно е дека Уклер беше апсолутно во право, а тие предвидувања се паметат, каде што навивачите масовно се извинуваат и му оддаваат почит што предвиде ваков вид сезона.

Се вчитува...