Целата германска репрезентација во бокс е позитивна на коронавирус, пренесуваат медиумите од Германија. Вкупната бројка на заразени изнесува 25 од кои 18 боксери, а 7 се тренери.
Спортскиот директор на репрезентацијата Михаел Милер изјави дека само мал број од заразените имаат благи симптоми, додека поголемиот дел се без симптоми. Тие во моментов се наоѓаат во карантин во еден хотел, каде ќе останат во следните 14 дена.
Репрезентацијата се заразила со коронавирус на подготовките во австрискиот Тирол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА