Целиот фудбалски свет бесен на Јувентус: „Старата дама“ е единствена од Серија А која не му оддаде почит на Михајловиќ

Фудбалскиот клуб Јувентус се најде на удар на навивачите поради тоа што не му оддаде почит на Синиша Михајловиќ кој ја загуби битката со леукемијата.

Од 20 клубови од Серија А, 19 му оддадоа почит на Михајловиќ, а љубителите на фудбалот забележаа дека на официјалните профили на Јувентус на социјалните мрежи не се споменува ниту еден збор за Србинот.

Во Италија се најде на насловните страници, постојано пристигнуваат реакции на фудбалери, минати и сегашни, тренери и фудбалски работници. Сите преостанати клубови од најсилното италијанско првенство испратија порака по трагичната вест, а од Јувентус се уште молчат.

Единствениот потег што го направи клубот беше да ја „сподели“ објавата на Андреа Ањели, кој заедно со фотографијата со Михајловиќ рече: „Сега не се само слободни удари, туку вистински слободен дух“.

 

 

Се вчитува...