Во понеделникот вечерта Лионел Меси по втор пат во кариерата беше прогласен за најдобар играч на светот во изборот на ФИФА. Меси славеше пред Килијан Мбапе и Карим Бензема, а предноста ја донесе фактот што стана светски првак со Аргентинците.
По прогласувањето на победникот, ФИФА ги објави резултатите од гласањето и кому своите гласови ги дадоа капитените, селекторите и новинарите од земјите членки.
За разлика од претходните години, Роналдо, кој исто така два пати ја освојуваше оваа награда, не се најде во потесниот избор за најдобар играч. Токму поради оваа причина многумина ги интересираше како гласал славниот Португалец. Сепак, капитенот на европскиот шампион од 2016 година не ни го искористил своето права да гласа.
Имено, иако е капитен на својата репрезентација, Роналдо реши да не гласа и својот избор го препушти на колегата Пепе. Тој потег остави во неверување многумина кои мислеа дека Роналдо всушност се огради од изборите и не сакаше да учествува на нив кога самиот не беше во конкуренција за најдобар.
Инаку, Пепе гласаше за Килијан Мбапе на кого му даде пет поени, а по него беа Лука Модриќ и Карим Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА