Екипата на Целје Пивоварна Лашко заврши на третото место во својата дебитантска сезона во регионалната СЕХА лига. Во натпреварот за „бронза“ на Ф4 турнирот од СЕХА што се одржува викендов во Скопје, словенечкиот шампион беше поуспешен од Мешков Брест со 31-28.
Почетното водство на Целје со 4-1 беше најава дека словенечкиот тим ќе го води главниот збор во овој дуел. Целје ја одржуваше предноста во првата четвртина, но како што одминуваше натпреварот се зголемуваше и притисокот од белорускиот тим. Трпеливата игра им донесе изедначување во 15.минута кога Вијачеслав Шумак погоди за 8-8.
Во битката за предност во наредните минути главниот збор го имаа голманите – Раде Мијатовиќ врза три одбрани на голот на Мешков Брест, а Урбан Лесјак беше клучниот елемент во играта на Целје. Словенечкиот тим реализира три гола во серија и повторно се довои на +3 (8-11). Во наредните десетина минути, Мешков Брест на неколку пати стигаше на гол негатива, но не успеа да дојде до ново изедначување до крајот на првото полувреме кое заврши со предност на Целје од 14-15.
Со изедначена игра гол за гол продолжи и второто полувреме, со тоа што во првите десетина минути иницијативата и минималната предност ја имаше Мешков Брест. На стартот од последната четвртина резултатот беше 22-22. И повторно поведе Целје со голот на Домен Макуч, а во следниот напад Мешков Брест изедначи.
Конечно, словенечкиот шампион по подолго време во 38 минута дојде на +2 (23-25) и тука го „прекрши“ натпреварот. На десет минути пред крај, Алјаж Пањтар му добрани седмерец на Баранау, а Целје потоа зголеми на 24-27. Тоа донесе дополнителна сигурност во словенечкиот тим и се повеќе грешки на другата страна кај Мешков Брест. Во финишот, Словенците го зголемија водството на 29-25 и ја сочуваа позитивата до крај.
Во нападот на Целје, Жига Млакар постигна седум, а по по пет гола реализираа Домен Макуч, Борут Мачковшек. Значаен придонес во триумфот имаше и голманот Урбан Лесјак со 16 одбрани. Кај Мешков Брест најефикасни беа Вјачеслав Шумак и Вјачеслав Хорак со по пет гола.
Финалето за титулата меѓу Вардар и ППД Загреб почува во 20.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА