Целосен договор: Покетино доаѓа на клупата на Челси

Маурицио Покетино дефинитивно е тренерот што летово ќе почне со работа во Челси, откако аргентинскиот стратег конечно ги договори сите детали за соработка со американскиот газда Тод Боели. „Сините“ веќе подолго време бараат перманентна замена по заминувањето на Потер, како опции беа споменувани и Нагелсман и Луис Енрике, но американскиот сопственик на крајот го избра Покетино како нов предводник на својот проект.

Преговорите траеја од почетокот на месец април, за последната рунда конечно да вроди со плод, да биде постигнат целосен договор и сега само се очекува официјалната потврда од клубот, за Покетино и официјално да потпише договор на три сезони со „сините“.

Челси по отказот на Потер реши да ангажира привремен тренер до крајот на сезонава, избирајќи го Френк Лампард. Овој потег се покажа како катастрофален бидејќи „сините“ играат мизерно под водство на Лампард, уште пред извесно време губејќи ги сите шанси за излез во фудбалска Европа наредната сезона.

Се вчитува...