Откако е јасно дека тимот е далеку од шампионската титула, и откако добија нови челници, Јувентус веќе почнува да размислува на градење на екипата за следната. Јувентус и натаму е во игра за Купот на Италија, но тоа е далеку од амбициите на клубот, кои се титула во Серија „А“, и напад на трофејот во Лигата на шампионите. А, торинскиот клуб е елиминиран од најелитното европско натпреварување уште во групната фаза.
Во Италија се уверени дека Масимилијано Алегри ќе добие отказ и покрај тоа што има „силен“ договор, и враќање на Антонио Конте е се поизвесно. Меѓутоа веројатно нема од тоа ништо. Вината ќе се бара кај играчкиот кадар, па така кај „старата дама“ се подготвува еден „ремонт“.
Веќе се шпекулира кои играчи ќе си заминат од Торино, и веројатно е направен списокот. Од оние кои нема да бидат „достапни“ следната сезона се Квадрадо, Алекс Сандро, Ругани, Рабио, Ди Марија, Де Шилјо, МекКени, а можно е и Локатели. Исто така ќе заминат и Паредес и Кин кои се како позајмени.
„Резот“ веројатно ќе го преживеат голманот Шчесни, Бонучи, Данило, ќе се откупи Милик, Костиќ, Киеза, Погба, а неизвесна е ситуацијата со Душан Влаховиќ кој има некои понуди, а Јувентус би можел и него да го пушти доколку добие добра понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА