Откако швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објави дека ќе ја заврши кариерата на „Лавер купот“ кој се игра следната седмица, настана навивачко „стампедо“ за влезниците за турнирот кој ќе влезе во историјата. Тамо Федерер ќе биде во составот на Европа, заедно со своите ривали Надал и Ѓокоциќ. Со Надал треба да игра во двојки, што би бил неговиот последен меч во кариерата.
Одлуката на Швајцарецот целосно го промени значењето на „Лавер купот“, па така цените на влезниците за овој турнир во Лондон пораснаа на неколку десетици илијади евра. Цената за последниот ден на овој спектакл на кој би требало да играат во пар Федерер и Надал достигнала за неверојатни 80.000 евра.
По таа цена може да се најде на интернет страниците, на кои препродавачите сакаат да искористат шанса за добра заработка. И наводно побарувачката била огромна. Станува збор за ексклузивни места и ВИП ложата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

