Цената на Елмас достигна 15 милиони евра и расте…

Интересот на бројни клубови за Елиф Елмас придонесе цената на македонскиот ас да продолжи да расте, особено по неговите одлични настапи за репрезентацијата на стартот од квалификациите зза ЕВРО 2020. Фиорентина и Лацио делуваат најзагреано за Елмас во моментов, а како што јавуваат италијанските медиуми веќе е испратена и првата понуда за „дијамантот“ на Фенербахче.

Според весникот „Тутоспорт“, Фиорентина понудила 15 милиони евра за Елмас, понуда на која Фенербахче се уште нема дадено одовор. Истиот извор тврди дека се очекува во најскоро време да пристигне и понудата од Лацио, која ќе биде повисока од онаа на „виолетовите“ од Фиренца. „Лацијалите“ се подготвуваат за продажба на Милинковиќ – Савиќ, трансфер од кој ќе заработат најмалку 60 милиони евра, а се очекува една третина од оваа сума да биде потрошена токму на Елмас, кој би бил наследник на српскиот интернационалец на „Олимпико“.

Не се исклучува можноста понуда во следниот период да испратат и Борусија Дортмунд и Лион, но како што стојат работите трансферот за заминување на Елмас од Фенербахче ќе биде комплетиран уште додека трае оваа сезона.

Се вчитува...