Цените на билетите за фудбалските натпревари во Англија беа тема и во Парламентот на оваа земја. Пратеникот Иан Лавери ги критикуваше клубовите дека ја искористиле лојалноста на навивачите со зголемување на цените на билетите.
Дури 19 од 20 клубови од Премиерлигата во текот на летото ги зголемија цените на билетите, што очекувано го зголеми незадоволството кај навивачите. Посебно на најверните кои имаат сезонски билети со децении.
Постои општа перцепција меѓу членовите на Здружението на фудбалски поддржувачи (ФСА) во Премиерлигата дека клубовите не ја ценат лојалноста на навивачите, освен ако тоа не се одрази во плаќањето на високите цени на билетите и купувањето во скапи фан-шопови.
Фрустрацијата на ФСА сега стигна и во Парламентот преку презентацијата на Лејвери, во која беше посочено дека клубовите ги „казнуваат најстарите навивачи и ги уништуваат најмладите кои се иднината на фудбалот“ со цените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА