Центарот на Далас доби нов договор од 60 милиони долари

Далас Маверикс кои го имаат првиот пик на овогодинешниот НБА драфт во првиот потег во претсезоната се одлучија за го продолжат договорот на центарот Даниел Гафорд.

Дваесетишестгодишниот Американец доби нов тригодишен договор вреден 60 милиони долари, но истиот ќе биде активиран по завршување на сезоната 2025/26 за која ќе заработи 14 милиони долари.

Гафорд ги помина последните две сезони во Далас Маверикс. Претходно настапуваше за Чикаго Булс од 2019 до 2021 година и Вашингтон Визардс од 2021 до 2024 година.

Се вчитува...